Но, пред да ја направиме анализата за тој меч која ќе следи наредните денови [веројатно /и/ во видео форма], денес сакав да напишам неколку збора за една тема која ја избегнувам од проста причина што не сум фан на фудбалските сапуници, но нормално е да излезе на површина во овој период кога мечевите ќе ги вкрстат „стариот“ и „новиот“ клуб на Цеск Фабрегас, носечкиот подигнувач на тиражи во минатиот, а веројатно и во овој трансфер период.
Лесно може да го симплифицирам текстот: „Арсенал ни го украде Цеск, време е да го врати“, на што би следел коментар од навивач на Арсенал за непрофесионалноста на Барса, за манијакалното посегање по нешто што не е наше итн. Но нема, бидејќи поентата на овој текст е да извлечеме барем еден заклучок во духот на фудбалската соживот, конкретно меѓу Арсенал и Барселона. (повеќе..)


Скорешни коментари